Милвоки и Оклахома се пласираа во финалето на НБА Купот чија завршница се игра во Лас Вегас.
Јанис Адетокунбо забелажа 32 поени, 14 скокови и 9 асистенции, додека Демиан Лилард застана на 25 поени.
На другата страна, кај поразената екипа Тре Јанг и овојпат беше најефикасен со 35 поени, додаде и 7 скокови и 10 асистенции.
Во второто полуфинале Оклахома со 111:96 ја го победи Хјустон и така се најде во големото финале во НБА Купот.
Шај Гилџиус – Александер блескаше со 32 поени, осум скокови и шест асистенции. На другата страна Томпсон со 19 поени беше најефикасен кај поразениот тим.
Финалето меѓу Милвоки и Оклахома е закажано за 18 јануари во 02.30 часот.