Разиграниот ТФТ продолжи по свое и на домашен терен најде решение за проблематичниот Тиквеш, па со триумфот од 90:86 на најдобар мижен начин продолжи да собира бодови по големата победа која ја оствари над МЗТ Скопје.
ТФТ како првопласиран на табелата и натаму љубоморно го брани врвот, но сепак денеска видовме и нова победа на МЗТ, кој сиот свој бес и лутина ги истури врз Феникс.
„Металците“ славеа над Феникс со 92:63 и се обидоа што поскоро да го заборават поразот од ТФТ, кој инаку направи да имаат две победи помалку од лидерот на табелата.
Работнички во драматичен меч го доби трилерот со Гостивар, па победата од 77:76 го носи тимот од Градски парк со биланс од седум победи и три порази.