Фудбал

Бове се врати во тренинг-кампот на Фиорентина по операцијата на срцето

Бове се врати во тренинг-кампот на Фиорентина по операцијата на срцето

Младиот фудбалер на Фиорентина, Едоардо Бове, кој пред две недели имаше срцев удар за време на натпреварот со Интер во Серија А, денеска се врати во тренинг-кампот на својот клуб. Тој пред само три дена имаше операција на срцето.

Бове колабираше во 16.минута за време на дуелот со Интер. Итно беше пренесен во болница и неколку денови беше на интензивна нега, а му беше вграден и внатрешен срцев дефибрилатор.

Фудбалерот кој има само 22 години денеска, само три дена по операцијата, за прв пат се врати во тренинг-кампот на Фиорентина и беше поздравен од своите соиграчи.

Италијанецот ќе може да продолжи да игра фудбал, но надвор од Италија. Во идентичен случај како со Кристијан Ериксен, италијанските власти не дозволуваат лица со вграден внатрешен срцев дефибрилатор да се занимаваат со професионален спорт.

To top