-АЛИ АХМЕТИ пред Уставниот суд изјави: ,,Ако сте добри и визионерски политичари, вие ќе го унапредевте јазикот, а не да го укинувате”.
ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ до Али Ахмети:
Добрите и политичарите визионери и демократи:
1. не го погазуваат и кршат Уставот на државата;
2. добрите политичари не поддржуваат донесување на притивуставни закони;
3. добрите политичари не им се закануваат на институциите и не се обидуваат да ја дестабилизираат државата и не ги вознемируваат сограѓание;
4. добрите политичари ги почитуваат препораките на учените и експертите во овој случај и мислењето на Венецијанската комисија;
5. добрите политичари и визионери не мислат само на интересот на мал дел од своите партиски приврзаници туку на општото добро на сите граѓани на државата, пишува во својата објава на Фејсбук Кекеновски.