Живот и Стил Сандрингам

Кралскиот Божиќен семеен собир на Чарлс Трети со рекорден број гости

Принцот Хари и Меган Маркл, според последните информации, сѐ уште не добиле покана за кралскиот Божиќен семеен собир.

Кралскиот Божиќен семеен собир на Чарлс Трети со рекорден број гости

Овој Божиќ, на традиционалниот кралски семеен собир во англиското село Сандрингам, ќе има дури 45 членови на кралското семејство, што е најголемиот број гости во историјата. Ова, меѓу другото, е и посебна прослава за кралот Чарлс Трети, бидејќи тој сѐ уште се бори со ракот.

Откако ќе си ги разменат подароците за Бадник, сите од кралското семејство се облекува свечено за Бадниковата вечера, а следното утро сите одат на миса во црквата „Сент Мари Магдален“, којашто исто така, се наоѓа на имотот во Сандрингам. Потоа се враќаат во куќата на традиционалниот ручек, којшто почнува точно во 13:15 часот. Главната „ѕвезда“ на празничната трпеза е печената мисирка. Вечерта следат семејните друштвени игри.

Меѓу поканетите, се наоѓаат и британскиот престолонаследник, принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон, како и контроверзниот брат на кралот, војводата од Јорк, принцот Ендрју, и други претставници на кралското семејство. Покрај сопругата-кралица Камила Паркер, на списокот поканети се и нејзината ќерка и синот, со своите семејства.

Принцот Хари и Меган Маркл, според последните информации, сѐ уште не добиле покана за кралскиот Божиќен семеен собир.

Куќата во Сандрингам е селска куќа во парохијата Сандрингам, во крајбрежната англиска област Норфолк, и една од кралските резиденции на кралот Чарлс, чиј дедо Џорџ Шести и прадедо му Џорџ Петти, двајцата починале таму. Му припаѓа на кралското семејство уште од 16. век. Куќата се наоѓа на земјиште од 8.100 хектари.

To top