Македонија

Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на Синодот на МПЦ-ОА

Епископ Хераклејски г. Климент ќе ја извршува оваа должност по упокојувањето на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј на 25 ноември.

Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на Синодот на МПЦ-ОА

Епископ Хераклејски г. Климент е новиот портпарол на Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, соопшти денеска Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.

-Во иднина, секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископ Хераклејски г. Климент ќе ја извршува должноста портпарол на Синодот и на јавноста ќе ги изнесува официјалните ставови на САС на МПЦ – ОА. Неговата должност ќе започне на 1 јануари 2025 година, се наведува во денешното соопштение по редовната седница.

Епископ Хераклејски г. Климент ќе ја извршува оваа должност по упокојувањето на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј на 25 ноември.

Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј беше погребан на 28 ноември во јужната апсада на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.

Синодот по редовна седница во работен состав ја известува црковната јавност дека четириесетдневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј ќе се изврши на 3 јануари 2025 година, на Плаошник во Охрид.

Синодот изрази и лабока загриженост за новонастанатата состојба во Сирија и во Либан.

-Синодот ја изразува својата длабока загриженост за новонастанатата состојба во Сирија и во Либан, како и за засегнатите верни чеда на Антиохиската Патријаршија. Исто така, како сестринска Црква, искрено сострадувајќи, Го молиме Семилостивиот Бог, Кој ги успокојува обременетите (Мт. 11, 28), да ги благослови сириските и христијаните на Истокот – пастирствувани од Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток Јован Х – и да ги укрепи во верата и надежта, притоа дарувајќи им го неопходниот мир, се наведува во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top