Фудбал

Ханси Флик ќе биде суспендиран

Ханси Флик ќе биде суспендиран

Тренерот на Барселона, Ханси Флик е суспендиран на два натпревари по црвениот картон што го доби минатиот викенд, јавија шпанските медиуми.

Барселона, која игра против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите подоцна во текот на денот, соопшти дека планира да поднесе жалба на забраната до Дисциплинската комисија.

Сепак, клубот го чека официјалното објавување на казната на Флик, кој беше исфрлен од клупата при ремито со Бетис (2:2).

Така германскиот стручњак ќе ги пропушти натпреварите со Леганес во недела, како и со Атлетико Мадрид на 21 декември.

Флик беше казнет откако го напушти шеснаесетникот на тренерите, откако беше досуден пенал против неговиот тим, протестирајќи со викање и гестикулација, според судијата.

To top