Вести

Костадиноски: Јегуновце станува општина со модерна патна и комунална инфраструктура

Пред три години ветив дека Општина Јегуновце ќе ја направиме да биде безбедна, чиста и убава атрактивна општина, које ќе биде во служба на своите граѓани, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Јагуновце Димитар Костадиноски.

Костадиноски: Јегуновце станува општина со модерна патна и комунална инфраструктура

Пред три години ветив дека Општина Јегуновце ќе ја направиме да биде безбедна, чиста и убава атрактивна општина, које ќе биде во служба на своите граѓани, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Јагуновце Димитар Костадиноски.

-Општина со модерна патна инфраструктура.

Со квалитетно образовни и социјални услуги.

Изминативе 3 години работевме напорно и успеавме да реализираме голем дел од зацртаните проекти произлезени од граѓаните и од програмата која ја ветив на локалните избори, со единствена цел за подобар живот и услови на жителите од општина Јегуновце.

Реализиравме голем број на проекти, би ги наброил:

– регулација на коритото на река Вардар од населено место Туденце до населено место Јегуновце во должина од 8,5 км

– Поставување на енерго ефикасни смарт светилики на трасата долж регионалниот пат Сиричино-Жилче и Сиричино – Шемшово Јегуновце

– Асфалтирани се патишта во населените места Сиричино и регионалниот пат Копанце-Туденце

– Реконструирани се комплетно локалните патишта во Јегуновце со поставување на атмосферска канализација

– Извршена е реконструкција комплетна на соблекувалната од фудбалското игралиште во населено место Јегуновце

– Опремен е нов објект за детска градинка во населеното место Вратница кој се надевам дека во блиска иднина ќе биде ставен во функција и во интерес на граѓаните во тој дел на општина Јегуновце

– Поплочени се локални улици во неколку населени места на територија на општина Јегуновце

– Коплетна реконструкција на надворешниот и на внатрешниот дел на ОУ во населените места : Туденце, Раотинце и Старо Село

– Изградени се детски паркови во населените места Туденце, Сиричино, Подбреѓе, Јажинце, Шемшово и Прељубиште

– Поставени се детски реквизити во населените места Рогачево, Старо Село, Сиричино и Јанчиште

– Изграден е кеј во населено место Беловиште и изграден е кеј на реката Вардар во населено место Туденце

– Изградено е повеќенаменско спортско игралиште во ОУ во населено место Туденце

– Изградена е спортска трибина на спортското игралиште кое се наоѓа во населено место Јанчиште

– Изградена е и осветлена пешачката патека во населено место Раотинце

– И во завршна фаза е изградбата на фекалната канализација во населено место Ратае и Јанчиште , а додека кракот во населено место Сиричино е комплетно завршен

– Отворени се подрачни канцеларии на МВР, Македонски шуми, Министерство за земјоделие и водостопанство, Министерството за дигитализација кое е отворена е услуги

Се надевам дека наредната 2025 година општина Јегуновце и јас лично ќе работиме уште помакотрпно, за да ја направиме општина Јегуновце подобра и поуспешна општина која ја заслужуваат граѓаните во општина Јегуновце.

To top