Македонскиот каратист Дејан Недев изминатите три дена учествуваше на Меѓународен карате семинар во Лондон, Англија.
Семинарот го водеа врвните ЈКА јапонски инструктори како Сенсеи Охта, Шимизу и Курихара. Сенсеи Охта е ЈКА шеф инструктор за Англија, а Сенсеи Курихара и Шимизу доаѓаат од главното седиште на ЈКА од Јапонија кои се повеќекратни шампиони во кати и борби.
На семинарот беа демонстрирани карате техники во ката и кумите инсистирајќи на традиционалните карате принципите својствени само за ИТКФ и ЈКА.
Во англиската престолнина учествуваа над 500 каратисти од цела Европа. (МИА)