Фудбал

Роберт Просинечки ќе ја води Црна Гора и во квалификациите за СП

Роберт Просинечки ќе ја води Црна Гора и во квалификациите за СП

Фудбалската федерација на Црна Гора останува дека хрватскиот стратер Роберт Просинечки останува на селекторското столче.

Просинечки седна на клупата на Црногорците минатиот февруари, ја водеше репрезентацијата на десет натпревари, забележа три победи и седум порази. И покрај тоа сојузот реши да му даде уште една шанса.

„Репрезентацијата на Црна Гора во квалификациите за Светското првенство 2026 година ќе ја предводи Роберт Просинечки, кој ја доби довербата од членовите на Извршниот одбор“, стои во соопштението.

Црна Гора и сите останати европски селекции ќе ги дознаат ривалите за квалификациите за Мундијалот в петок на 13 декември.

To top