Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ втор пат оваа година колабрирал на терен и итно е префрлен во болница. Тој на мечот меѓу Мелила и Кордоба во Третата шпанска лига паднал на теренот во 28.минута од мечот. Натпреварот бил прекинат, а Гудељ префрлен во болница каде што се чувствува добро.
„Во болница е на прегледи. Се чувствува добро. Наскоро ќе знаеме повеќе“, соопштија од Кордоба.
Во март оваа година Гудељ остана жив, а одлучи да ја продолжи кариерата.
Se levanta al instante algo mareado, los sostienen los jugadores y acaba saliendo por su propio pie. Mucho ánimo Gudelj pic.twitter.com/E16nGC22xT
— EL INGENIERO TIENE UN PLAN (@IngenieroPlan) December 3, 2023