Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноска: Дојде време оние кои противзаконски постапуваа сега ќе треба да одговараат

Едноставно тие треба да се соочат со тоа дека во оваа држава дојде време за се што е постапено противзаконски да треба сега да одговараат, вели Стојаноска.

Стојаноска: Дојде време оние кои противзаконски постапуваа сега ќе треба да одговараат

„Во оваа држава дојде време кога за оние кои противзаконски постапија сега ќе треба да се одговара и на ДУИ сега им е чудно што Уставен суд треба да донесе одлука“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија.

Стојаноска продолжи и додаде:

„Премиерот кажа дека се е под контрола и нема да се дозволи ништо што е спротивно на закон. Доколку тие кампуваат и останат до среда и не прават никакви останати проблеми нека стојат. Се додека се зборува за мирно протестирање секој има право, тоа е уставно загарантирано право“, кажа Стојаноска.

Стојаноска посочи дека тие луѓе кои правеле парадокси, кршеле закони, сега треба да почитуваат одлука на Уставен суд.

„Едноставно тие треба да се соочат со тоа дека во оваа држава дојде време за се што е постапено противзаконски да треба сега да одговараат“, вели Стојаноска.

To top