Кошарка

Навивачите на Работнички разочарани ги натераа кошаркарите да ги соблечат дресовите

Навивачите на Работнички разочарани ги натераа кошаркарите да ги соблечат дресовите

Кошаркатрскиот клуб Работнички, кој има најмногу титули, вкупно 15 во кошаркарскиот шампионат, сезонава се обидува по подолго време конечно биде во сериозна конкуренција за тронот, иако и натаму игрите се променливи.

Играчите на Работнички беа поразени од Феникс 2010, а по завршувањето на мечот верните „Сити Парк Бојс“ го изразија незадоволството од крајниот исход.

Кошаркарите беа свесни поради тоа, и тие се доближија до своите навивачи од кои беа натерани да ги соблечат дресовите и ги остават на паркетот.

Играчите ја примија пораката од фановите, секако и едните и другите посакуваат што поскоро клубот да се врати на победничките патеки и позитивната атмосфера, а нова шанса повторно да се вкуси триумф во шампионатот екипата ќе има на 9 декември против Гостивар.

To top