Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта го поздрави денеска крајот на владеењето на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Тој изјави дека диктатурата на сирискиот претседател Башар ал Асад предизвикала огромни страдања.
„Со нејзиниот крај, се појавува нова можност за слобода и мир за целокупниот сириски народ. Ова е исто така клучно за пошироката стабилност на регионот“, напиша Кошта на платформата Икс. (МИА)