Свет

Калас: Крајот на диктатурата на Асад е позитивен и долгоочекуван развој, тоа ја покажува слабоста на неговите поддржувачи Русија и Иран

Таа додаде дека приоритет на ЕУ е да ја гарантира безбедноста во регионот и да се ангажира да работи со сите конструктивни партнери во Сирија и пошироко во регионот.

Калас: Крајот на диктатурата на Асад е позитивен и долгоочекуван развој, тоа ја покажува слабоста на неговите поддржувачи Русија и Иран

Крајот на диктатурата на Башар ал Асад е еден позитивен и долгоочекуван развој. Тоа ја покажува исто така слабоста на поддржувачите на Асад – Русија и Иран. Ова на мрежата Икс го напиша високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

Таа додаде дека приоритет на ЕУ е да ја гарантира безбедноста во регионот и да се ангажира да работи со сите конструктивни партнери во Сирија и пошироко во регионот.

„Процесот на обнова на Сирија ќе биде долг и сложен и сите страни мора да бидат подготвени да се ангажираат на конструктивен начин“, рече Калас. (МИА)

To top