Македонија трибина

Димитровски: Проблемот со загадувањето се решава мултисекторски

Загадувањето на воздухот во Скопје потекнува од многу извори меѓу кои затоплување на домаќинствата, индустриски процеси кои користат генерално цврсти горива, тежок транспорт кој користи дизел горива, ре-емисија на честичките од нехигиена на улиците и многу други“, вели Димитровски.

Димитровски: Проблемот со загадувањето се решава мултисекторски

„За да почнеме да ги решаваме прашањата значајно е да ги идентификуваме кој се причините за ова загадување и ако со нешто може да се идентификува денес е дека генерално поголем дел од чинителите сметаат дека тие не се загадувачи. Треба да си ја преземе секој својата одговорност и секој да го сработи својот дел од прашањето“, истакна Даме Димитровски од Машински факултет УКИМ на денешната трибина на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“.

Димитровски продолжи и додаде:

„Загадувањето на воздухот во Скопје потекнува од многу извори меѓу кои затоплување на домаќинствата, индустриски процеси кои користат генерално цврсти горива, тежок транспорт кој користи дизел горива, ре-емисија на честичките од нехигиена на улиците и многу други“, вели Димитровски.

Димитровски посочи дека проблемот со загадувањето се решава мултисекторски.

„Решавањето на проблемот не може да се среди со една одлука или со еден акт или еден човек да го води процесот. Тоа мора да се реши мултисекторски, секој да си го земе својот дел од товарот“, вели Димитровски.

Димитровски истакна дека сите сектори во управување на државата се вклучени за решавање на овој проблем.

„Голем дел од тоа што треба да се сработи е идентификувано во една листа на 20-тина програми и во таа листа на програми се чинители на општини, министерство за енергетика, министерство за животна средина, министерство за земјоделие. Значи сите сектори во управување на државата се вклучени за овој проблем да почнат да го решаваат“, укажа Димитровски.

Најнови вести од Македонија

To top