Кралот Мохамед VI во Кралската палата во Рабат, претседаваше со Советот на министри, се вели во соопштението на портпаролот на кралската палата.
На почетокот на седницата на Советот, Фузи Лекјаа, министерски делегат на министерот за економија и финансии задолжен за буџетот и претседател на Комитетот за Светското првенство во 2030 година, одржа презентација пред кралот, осврнуваќи се на напредокот на подготовките на Кралството да биде домаќин на овој меѓународен спортски настан.
Оваа трипартитна понуда поднесена до ФИФА на 29 јули е плод на силната мобилизација на работните групи создадени за оваа цел, особено на ниво на министерски сектори, јавни институции, компании и локални власти.
Извештајот за евалуација на понудата изготвен од страна на ФИФА е објавен на 29 ноември, додели извонредна оценка, која далеку ги надмина пропишаните барања.
Ова достигнување ја постави основата кандидатурата Мароко-Шпанија-Португалија официјално да ги добие правата за домаќин на Светското првенство во 2030 година за време на претстојниот вонреден Конгрес на Советот на ФИФА.
За да одговори на предизвикот на организација делегатот најави дека ќе се формира проширен комитет, кој ќе вклучува претставници од граѓанското општество, од мароканските иселеници и африканските таленти.
Мобилизацијата дополнително ќе се засили преку координирани напори со сите засегнати страни со цел да се забрза извршувањето на стратешките и структурните проекти кои се однесуваат на одржувањето на овој глобален настан, особено: надградбата на стадиони; проширување и реновирање на аеродромите во шесте градови домаќини; подобрување на патната инфраструктура и урбаните мрежи; развој на хотелска и комерцијална инфраструктура; зајакнување и модернизирање на медицинските услуги и многу други активности.