Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити со нов кикс во Премиерлигата, ремизирајќи (2-2) на гостувањето против Кристал Палас со кое дополнително се оддалечува од трката за титулата сезонава.
Менаџерот Пеп Гвардиола по мечот, се чини, како веќе да се откажа од титулата, на новинарско прашање категорично одговарајќи.
„Каква титулата кога губиме четири натпревари по ред. Не можеме очигледно да фатиме ритам на победи, и навистина е тешко да се биде во ситуација во каква сме ние сега. Не може да бидам незадоволен од играчите затоа што се бореа максималано. Заслуживме и повеќе од бод, но некако како да не добиваме награда за трудот на терен. Оваа сезона како да ни е предодредена за страдање, па ќе видиме што ќе се случи наредниот период“ – истакна Гвардиола по мечот.