Познати Тажна вест

Актерка пронајдена мртва во када

Актерката беше најпозната по нејзината улога во филмот „Love Letter“ од 1995 година, а беше успешна како пејачка за време на најславниот период во 1980-тите и 1990-тите.

Актерка пронајдена мртва во када

Јапонската актерка Михо Накајама (54) е пронајдена мртва во када.

Безживотното тело на актерката е пронајдено во нејзиниот дом во токискиот кварт Шибуја, според полициските извештаи, а јави јапонската национална телевизија.

Полицијата била повикана во нејзиниот дом и потврдила дека актерката починала во када, а деталите за случајот сега се истражуваат.

Актерката беше најпозната по нејзината улога во филмот „Love Letter“ од 1995 година, а беше успешна како пејачка за време на најславниот период во 1980-тите и 1990-тите.

Михо требаше да настапи на божиќен настан во Осака, но настапот беше откажан пред да биде објавена веста за нејзината смрт, наведувајќи ја како причина лошата здравствена состојба.

Најнови вести од Познати

To top