Сириските бунтовници денеска соопштија дека ја започнале финалната фаза за опколување на главниот град Дамаск, по преземањето контрола врз блиските градови.
-Нашите сили започнаа завршна офанзива за опколување на Дамаск, изјави бунтовничкиот командант Хасан Абдел Гани.
Сириското Министерство за одбрана ги отфрли овие тврдења како неосновани, наведувајќи дека нивните сили сè уште се присутни на сите стратешки точки околу Дамаск.
Бунтовничките фракции се наводно оддалечени околу 20 километри од главниот град, откако ја презедоа контролата врз провинцијата Дера на југот од Сирија, изјави Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Во меѓувреме, радикалната исламистичка групација „Хаја Тахрир ал Шам“ ги повика своите борци да се подготват за освојување на Дамаск, соопшти лидерот Ахмед аш Шарех.
Паралелно, милициите на Друзите (Арапи што исповедаат друзизам) ги зазедоа повеќето бази на сириските сили во јужната сириска провинција Свеида, која граничи со Јордан.
Само воздушната база Халхала, северно од главниот град на провинцијата Свеида, останува под контрола на армијата. (МИА)