Формула 1 најави продолжување на договорот со Кинеското ГП. Договорот е за период од пет години, со што трката во Шангај ќе остане во календарот на светскиот шампионат до сезоната 2030 година.
Оваа сезона трката за Големата награда на Кина во Формула 1 се одржа од 19 до 21 април. Победник беше холандскиот возач Макс Верстапен, претставник на Ред Бул.
Холанѓанецот веќе ја обезбеди шампионската титула оваа сезона, негова четврта во Формула 1.