Едоардо Бове го преживеа најтешкото, откако цела фудбалска Италија се молеше за здравјето на фудбалерот на Фиорентина по неговото колабирање на терен за време на дербито со Интер.
Докторите успеаја да се изборат за животот на фудбалерот на „виолетовите“, кој се уште се наоѓа во клиниката во Фиренца. Од таму денеска стигна прекрасна вест – Бове го напуштил одделението за интензивна нега.
„Едоардо е добро, се опоравува и сите сме многу среќни поради тоа. Ја напушти интензивната нега и сега е на одделение за коронарни болести, што е доказ дека остојбата му се подобрува. Сепак, мораме да бидеме трпеливи и да покажеме почит“, изјави генералниот директор на Фиорентина, Алесандро Фери.