Омилената трка на шампионот Макс Верстапен, домашната за Големата награда на Холандија го продолжи договорот со Формула 1.
Сепак, договорот е продолжен само на една година и важи за 2025 и 2026, а потоа се очекува да отпадне од календарот. Патеката „Зандворт“ се врати на календарот во 2021 година по огромна пауза од 1985. Сепак, патот веројатно ќе ѝ биде краток и ќе се вози само уште двапати.
Најавите велат дека Верстапен ќе се трка пред домашната публика уште две години, а потоа трката одново ќе отпадне од календарот.
Под закана за отпаѓање е и култната „Спа“ во Белгија која има договор само за уште следната сезона.