На прес-конференцијата по натпреварот помеѓу Е.Пелистер и Висла Плок се обрати тренерот Раул Алонсо. Тој нагласи дека е горд од одиграното на неговите избраници.
„Каква ноќ, мислам дека сите уживаа. Денес ја имав најлесната работа, моите играчи беа на врвно ниво. Горд сум за ефикасноста и како одигравме во текот на целиот меч, особено во дефанзива. Заслужено победивме. Имавме проблеми, но успеавме да го задржиме нивото во клучни моменти бевме сконцентрирани против квалитетен ривал. Најголем респект за играчите. Среќен сум бидејќи она што го гледав на тренинзите, го покажавме вечерва. Одигравме на многу високо ниво, пред нас има уште натпревари до паузата. Ова сепак, е среќна вечер за нас. Уживав и во одличната публика, ова е тоа што ни е потребно, поддршка која оваа магична сала може да ја пружи“, изјави Алонсо.