Актуелниот француски фудбалски шампион Пари Сен Жермен во блиска иднина може да добие нов газда. Поранешниот катарски емир, Тамим бин Хамад ал Тани, најавил дека е отворен за преговори доколку некој сака да го купи францускиот гигант.
Според реномираниот „Л’Екип“, тоа не би значело дека Ал Тани целосно ќе се повлече од ПСЖ, но е подготвен да го продаде доминантниот дел од сопствеништвото доколку некој сака добро да плати.
Најголема грижа на акционерите е наглиот пад на интересот за фудбалот, па поради ова, инвестициската групација КСИ повеќе не ги гледа парижаните како приоритет и покрај тоа што се откажаа од купувањето на Манчестер јунајтед.