Криминалистичката серија „CSI: Miami“ се емитуваше 10 години, од 2002 до 2012 година, а најпрепознатлив лик од серијата беше Хорацио Кејн, кој го отелотвори Дејвид Карузо.
Улогата на Хорацио ја одбележа неговото драматично вадење на очилата за сонце во секоја епизода, а овој лик беше и инспирација за бројни мемиња. Дејвид Карузо играше различни детективски улоги во текот на својата кариера, но ниту една не одекна толку како Хорацио Кејн.
После долго време Дејвид неодамна бил снимен во јавноста. Потполно непрепознатлив, со долга побелена коса и неколку килограми вишок, тој бил виден како влегува во својот автомобил.
Во последниве години ништо не се знае за неговиот животен и љубовен статус, иако со бурните врски ги полнеше страниците на таблоидите. Зад себе има три пропаднати брака. За првпат застана пред олтарот во 1979 година кога се ожени со Шери Моганс, а со неа беше во брак до 1983 година.
Remember David Caruso #CSIMiami
Before After pic.twitter.com/dH27vPst65— Γιδοπροβατο Συλλεκτης 🫶 (@gidoprobata) November 29, 2023
Набргу по разводот, тој се венчаше со Рејчел Тикотин, со која по една година брак ја доби ќерката Грета, а се разведоа во 1987 година. Третиот брак Карузо го склучи во 1996 година со стјуардесата Маргарет Бакли, која немаше никаква врска со светот на шоу-бизнисот и неколку пати нагласи колку му е мило поради тоа.
Сепак, и тој брак не траеше долго бидејќи по 3 години се разведоа поради аферата која ја имал со инструкторката по јога.
На снимањето на серијата „CSI: Miami“, Дејвид ја запознал Лиза Маркез со која започнал врска, а подоцна парот доби 2 деца. На крајот заврши со неа на суд бидејќи таа го тужеше актерот за нанесување душевна болка и неверство. Таа тврдела дека психички ја малтретирал, ја контролирал, бил посесивен и љубоморен, а Карузо ја обвини дека го изневерувала со неговиот личен асистент, како и со неговиот најдобар пријател.
Приказната заврши така што Дејвид морал да ѝ плати на Лиса сума од милион долари, но тоа наводно никогаш не се случило.
Инаку, освен во сериите кои го прославија, Дејвид глумеше и во „King of New York“, „Proof of Life“, „First Blood“, „An Officer and a Gentleman“, „Kiss of Death“ и други телевизиски и филмски продукции.