Повремениот македонски кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс го доби признанието за најкорисен играч на месецот во кошаркарската Евролига.
Париз гази во најквалитетното клупско натпреварување на стариот континент, а за тоа огромна заслуга има Шортс кој блеска во дебитанската сезона на ова ниво. Шортс е МВП на месец ноември во кој францускиот клуб забележа победа на сите пет натпревари, а тој имаше учинок од 19,6 поени и 8,4 асистенции со индекс од 25,2.
Ова за Американецот со македонски пасош е прво вакво признание за играч на месецот во Евролигата, но и воедно прв кошаркар на Париз кој го има добиено истото.
Check out his TOP Plays from November as his team currently sit atop the standings in December! pic.twitter.com/nGW3tarPC9
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 2, 2024