Брони Џејмс, синот на славниот кошаркар Леброн Џејмс, закрепнува успешно по операцијата на срцето и многу наскоро се очекува неговото враќање на терените.
Младиот Брони доживеа срцев удар пред крајот на минатата сезона и не се знаеше дали ќе може да продолжи со кошарката, но сега конечно за него и неговото семејство доаѓаат добри вести и тој наскоро ќе се приклучи на неговиот универзитетски тим, УСЦ.
„Брони ќе ни се приклучи следната недела и ќе започне со полесни тренинзи. Се надеваме дека ќе успее целосно да закрепне и наскоро го очекуваме во првиот тим“, изјавија претставници од лекарскиот тим на УСЦ.