Македонија практично знаење во машинската и текстилната област

Ученици и наставници од ДУЦОР „Партенија Зографски“ учествуваа во меѓународен проект во Будимпешта

Главна цел на проектот беше вработените да се стекнат со нови искуства во работата, додека учениците да се стекнат со практично знаење во машинската и текстилната област и да развијат позитивен однос кон работата, преку директна инволвираност во работниот процес во партнерските фирми.

Ученици и наставници од ДУЦОР „Партенија Зографски“ учествуваа во меѓународен проект во Будимпешта

Двајца наставници од машинска и текстилна струка и десет ученици при ДУЦОР „Партенија Зографски’’ – Скопје, зедоа учество во меѓународен проект, во рамките на Еразмус+ програмата, реализиран во Будимпешта-Унгарија, во период од 21ви октомври до 2ри ноември. Воедно, други двајца наставници и еден воспитувач учествуваа во „Job Shadowing‘‘ исто така во Будимпешта, во период од 21ви ноември до 25ти ноември.

Главна цел на проектот беше вработените да се стекнат со нови искуства во работата, додека учениците да се стекнат со практично знаење во машинската и текстилната област и да развијат позитивен однос кон работата, преку директна инволвираност во работниот процес во партнерските фирми.

ДУЦОР „Партенија Зографски’’

Во делот „работа во сенка‘‘ или „job shadowing‘‘ учесниците имаа можност да се запознаат со образовниот систем за лицата со оштетен слух и лица со аутизам во Унгарија.
Во рамките на оваа активност беше реализирана посета на училиште за лица со оштетен слух и лица со аутизам.

ДУЦОР „Партенија Зографски’’

Посетата на училиштето се состоеше од набљудување на методите на работа и начинот на поддршка на учениците. Употребата на технологијата при учење, нивната интеракција, социјална интеграција и емоционална поддршка како и развивање на чувството на одговорност.

Учениците од машинската струка најпрво беа запознаени со производната програма и машинскиот парк на самата компанија. Како уводен дел во практичната настава беше одржано предавање за заштита при работата. На секоја работна позиција и задача на учениците им беше објаснета технолошката операција, алатот со кој треба да работат, заштитните средства што треба да користат (ракавици, заштитни очила …) и им беа укажани можните опасности од несоодветно ракување со машината и алатот. Учениците имаа можност да се запознаат со припрема и програмирање на машинате за изработка на делови. При секоја операција се вршеше контрола на мерките што се зададени на цртеж и изработени на машината. Пред да почне сериската изработка првиот дел се носеше на завршна контрола. Учениците извршуваа операции како, доработка на сечени делови на ласер. Пресување на завртки и наврки на одредени позиции. Виткање на делови на преса, машинско брусење на површини по сечење на ласер , заштита на осетливи делови што треба да се доработуваат, пунктирање на метални лимови и др.

ДУЦОР „Партенија Зографски’’

Учениците од текстилно кожарска струка беа запознаени со фирмата во која што треба да го обавуваат практичниот дел од текстилната струка. Беа запознаени со сите фази кои што подразбираат поставување на шаблони, кроење со ножички, шиење, лепење на фиксир преса, како и завршно пеглање и пакување на готовиот производ.

Учениците со секојдневната посета на своите работни позиции се стекнаа со нови вештини и знаења, од практичниот дел на машинството и конфекционирањето. Исто така, во своето слободно време, учениците имаа можност да го разгледаат градот, со различни посети на музеј, културни манифестации како и посета на Парламентот, зоолошка градина.

Најнови вести од Македонија

To top