Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација има нов клупски ангажман. Александар Јончевски е нов тренер на полскиот клуб Шлонс Вроцлав.
Се работи за голем и традиционален клуб, кој досега осумнаесет пати бил шампион на Полска.
Јончевски на клупата на Шлонс Вроцлав ќе го наследи Србинот Миодраг Рајковиќ.
Пред да го прифати овој предизвик македонскиот стручњак како тренер работеше во екипите на МЗТ Скопје, Кожув, Спартак Суботица, Башкими.