Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска имаше позитивен став по ремито во Дебрецин.
„Посакувавме победа затоа што мислам дека со толку напорна работа сите овие денови заслужуваме. Сепак, и нерешено е добар резултат за нас, за понатаму да се трудиме да работиме. Нé очекува светла иднина“, кратко по натпреварот изјави Сара.
В понеделник од 18:00 часот македонските ракометарки против домашната Унгарија го играат последниот трет натпревар во групната фаза на Европското првенство.