Вработените – Луѓето кои прават невозможни работи возможни и ни ја чуваат енергетската стабилност, напиша на Фејсбук министерката Сања Божиновска.
Средбата со тимот во РЕК Осломеј беше инспирација. Луѓе кои, и покрај предизвиците, со огромна посветеност го држат капацитетот во живот. Еден од нив, со 40 години искуство, со гордост рече: „Работиме со она што имаме, правиме сè за да ја заштедиме државата и да обезбедиме струја за секој дом.“ Горда сум на нивниот труд и посветеност. Заедно, не само што ќе ги надминеме предизвиците, туку ќе создадеме нешто што сите ќе бидат горди да го наречат македонска енергетика. Токму овие луѓе се нашата најголема сила, истакна Божиновска.