На 30.11.2024 година во 00.48 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Делчево, патничко возило „Фиат пунто“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(19) од Делчево, а во сопственост на К.З, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, во сопственост на Ц.С. од Делчево и истото го оштетил, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Т., констатирани во Медицинскиот центар во Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа.