Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Катар, претпоследната трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, но три часа по квалификациите беше казнет и се префрли на второто место. Наместо Ферстапен, Џорџ Расел во Мерцедес ќе ја започне трката од првата стартна позиција.
Се чинеше дека Холанѓанецот, кој пред шест дена ја обезбеди четвртата титула, по пет месеци го освои својот прв пол во Лусаил, од трката на „Ред Бул Ринг“ во Австрија.
Меѓутоа, бидејќи возеше непотребно бавно во подготовките за брзиот круг и го успори самиот Расел, беше казнет со една позиција, што значи дека возачот на Мерцедес стигна до својата втора пол-позиција во низа.
Ферстапен и Расел ги делеше 55 илјадитинки, додека трет беше возачот на Мекларен Ландо Норис, кој беше две десетинки поспор од Холанѓанецот. Трката за ГН на Катар е закажана за 17 часот.