Храна и Пијалаци

Потаж од печурки

Потаж од печурки

Кремаст и сочен, совршен за студените денови.

Состојки:

400 гр шампињони
2 средни главици кромид
2 чешниња лук
2 лажици масло
сол
бибер
сушен власец
200 мл вода
200 мл растителен крем за готвење

Подготовка:

Кромидот ситно исецкајте го. Изгмечете го лукот. Во тава со малку масло и вода, динстајте го кромидот. Шампињоните претходно исецкани на листови додајте ги во тавата заедно со лукот и власецот. Динстајте додека не испари вишокот вода. Додадете вода и растителен крем и оставете да зоврие. Префрлете во блендер и сè убаво измешајте. Потоа, вратете на шпоретот. Зачинете со сол и бибер и варете уште 5 минути.

Послужете со потпечен леб.

Добар апетит!

To top