Македонија интензивни врнежи

Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево – Охрид и кај Плетвар

Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево – Охрид и кај Плетвар

Поради интензивни врнежи од снег, воведени се нови забрани за движење на тешки товарни моторни возила (ТТМВ) на магистралниот пат Кичево – Охрид и кај преминот Плетвар, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од 15:30 часот, забраната важи на магистралниот пат Кичево – Охрид и обратно, додека од 16:20 часот, забраната е воведена и на магистралниот пат А3 кај преминот Плетвар.

Претходно, од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, информираа дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила, попладнево е воведена на Пресека и на планинскиот превој Буково.

Најнови вести од Македонија

To top