Македонија

Мефо Исмаили: Ако сте храбри, палете ги знамињата на партиите кои не донесоа до ова дереџе, а не соседот и сограѓанинот

Мефо Исмаили: Ако сте храбри, палете ги знамињата на партиите кои не донесоа до ова дереџе, а не соседот и сограѓанинот

Новинарот Мефо Исмаили во својата објава на Фејсбук вели дека палењето знамиња, пцуењето, навредувањето, храброста во толпата или зад маски е најлесната работа! Дури „патриоти“ од ваков тип, се во толку голем број што нема торба за да ги собере!

Смета дека по вчерашните случувања треба да се потенцираат две работи.

-Прво: Од кога ќе палите, пцуете, топењето на егото на лажниот патриотизам, дали сте свесни кому сте му служеле, кому сте му пратиле вода на воденица и кому уште повеќе му го трасирате патот за да се збогатите на сметка на вашата глупост, додека тој продолжува да ве контролира и ве остава со празен стомак?!
Второто: Ете, добро уживавте и се самозадоволивте со овие вулгарни гестови, но кога се вративте дома, дали патот по кој одевте имаше асфалт и канализација, дали ви се зголеми платата во банка, и дали станавме членка на ЕУ?!

Не, се разбира дека не, затоа што, да ги палевме знамињата на партиите и да ги критикувавме политичарите толку многу колку што ги палиме знамињата и се навредуваме, денес барем ќе имавме канализација, книги во училиштата, исто така ќе бевме дел од ЕУ, и наместо да се занимававме со вакви глупости, ќе планиравме каде ќе го поминеме зимскиот одмор, а не да седиме во страв, дали продавницата во малото ќе ми даде леб и цигари на вересија!

И кога ќе видиме дека после сето ова, како постапуваат и реагираат одредени политички субјекти, кои наместо да повикуваат на смиреност, уште повеќе го разгоруваат огнот, јасно e дека за нив најважно е граѓаните да се сиромашни и полни со злоба и омраза, наместо благосостојба и напредок на земјата.
На крај, порака до сите „Патриоти на батерии“ : Ако сте храбри, палете ги знамињата на тие партии кои не донесоа до ова дереџе и пцуете ги тие политичари, а не соседот и сограѓанинот, пипува Исмаили во објавата.

Најнови вести од Македонија

To top