Македонија

Зеколи Шаќири: Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите

Зеколи Шаќири: Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири се огласи по вчерашните инциденти при прославите на денот на албанското знаме. Таа изразува длабоко жалење и загриженост за оштетувањето на знамето на Република Македонија.

-Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите граѓани, без разлика на нивните убедувања или припадности. Секој таков чин не ги претставува вредностите на соживот и меѓусебното почитување кои ние како општество ги промовираме. Ги повикувам надлежните органи да преземат итни мерки за расветлување на околностите на овој инцидент и заштита на нашите национални симболи, вели Зеколи Шаќири.

Заменик министерката апелира на смиреност и свесност на граѓаните и додава дека соработката и почитувањето се единствениот пат до подобра заедничка иднина.

Најнови вести од Македонија

To top