Вработените од компанијата Џонсон Мети донираа и засадија 10.000 садници на локации кои беа опожарени во летните пожари. Шестотини вработени волонтери, на 27 и 28 ноември годинава, ги засадија садниците во околината на Македонски брод, Негорци, Гевгелија и во скопските паркови на Кисела Вода и Драчево.
Како општествено одговорна компанија, Џонсон Мети, во согласност со визијата за заштита на природата и почист воздух, во текот на Меѓународната недела на волонтирањето, исто така, организира и други големи волонтерски акции преку кои придонесува до обновување на природата и помош и поддршка на заедницата во која функционира.
Од компанијата потсетуваат дека Северна Македонија беше зафатена од многу пожари во текот на летото, кои предизвикаа непроценлива штета и оставија траги врз природата и нечии домови.
„Со вакви акции, всушност, демонстрираме дека со здружени сили може да го заштитиме нашето зелено богатство и директно, да делуваме кон подобрување на животната средина“, велат од Џонсон Мети.