Кошарка

Евролига: Победа на Партизан над Олимпијакос, Реал по две продолженија ја совлада Барселона

Евролига: Победа на Партизан над Олимпијакос, Реал по две продолженија ја совлада Барселона

Кошаркарите на Партизан забележа голема победа во рамките на 12. коло на Евролигата, откако во преполната „Белградска Арена“ го совладаа фаворизираниот Олимпијакос со 78:70 (16:25, 22:11, 12:22, 28:13).

Кај црно-белите најефикасен беше Карлик Џонс со 15 поени, а го следеше Ифе Лунберг со 13. На другата страна најдобар беше Еван Фурније со 16, а Никола Милутинов мечот го заврши со 13.

Ова беше втора последователна победа за Партизан во Евролигата, додека тимот од Пиреја го доживеа првиот пораз по пет последователни победи. Партизан сега има сооднос на победи и порази 4-8, а грчкиот клуб 8-4.

Кошаркарите на Реал Мадрид иако беа во загубена ситуација, на крајот по две продолженија ја совладаа Барселона со 97:90.

Прв стрелец на Реал беше Валтер Таварес со 24 поени а имаше и 18 скока, го следеше Хезоња со 23 коша и седум скока. Факундо Кампацо мечот го заврши со 18 поени, 10 асистенции и четири скока.

Кај Барселона, Кевин Пантер постигна 27 поени, додека Јан Весели постигна 20 поени со осум скока.

Фенербахче води на табелата со скор 9-2. Париз има 9-3, Баерн 8-3, Олимпијакос 8-4, додека Панатинаикос и Монако имаат по седум победи и четири порази.

РЕЗУЛТАТИ, 12. коло:

Жалгирис – Басконија 70:83
Алба Берлин – Макаби Тел Авив 85:103
Париз – Виртус Болоња 81:78
Партизан – Олимпијакос 78:70
Барселона – Реал Мадрид 74:74, 90:97 (по две продолженија)

To top