Храна и Пијалаци рецепт

ПОСНА ШВАРЦВАЛД ТОРТА: Не заостанува од оригиналот, а вкусот е магичен

ПОСНА ШВАРЦВАЛД ТОРТА: Не заостанува од оригиналот, а вкусот е магичен

Феноменален торта со вишни, во слатко-кисела комбинација на вкусови.

Тесто:

300 гр шеќер
4 дл вода
8 лажици брашно
2 лажици какао
4 лажици масло
3 лажици џем
2 лажички сода бикарбона

Фил:

600 гр вишњи
300 гр шеќер
1 дл вода
300 гр растителен шлаг
100 гр бело посно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тенџере растворете шеќер во вода, а потоа додадете масло, брашно помешано со сода бикарбона, какао и џем. Соединете со миксер.

Поделете го тестото на три дела. Печете три кори околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени.

Во тенџере сварете вишњи со шеќер и вода додека сирупот не стане густ. Вишњите процедете ги и наредете ги на првата кора. Одвојте неколку вишњи за декорација.

Во сад изматете ја растителниот шлаг со вода. Изладениот сок од вишњи додајте го во третина од шлагот. Потоа, намачкајте ги вишњите со шлагот и покријте со втората кора. Нанесете шлаг и покријте со третата кора. Премачкајте го остатокот од шлагот преку целата торта.

Украсете со вишњи и рендано посно чоколадо. Пријатно!

To top