Феноменален деликатес за вистински љубители на благо, а никогаш покремаст.
Состојки:
1 пакување розен кори
3 пудинга од ванила
1 литар растително млеко по избор (соја, овес, кокос…)
200 гр посно бело чоколадо
250 гр маргарин
200 гр шеќер во прав
150 гр печени сецкани лешници
1 литар растителна слатка павлака
Подготовка:
Пудингот измешајте го во 200 мл растително млеко. Остатокот од млекото загрејте го на умерена температура. Кога ќе зоврие полека додавајте го пудингот со постојано мешање, па оставете да зоврие.
Тргнете го од оган, ставете го чоколадото и измешајте. Кога ќе се растопи оставете да се излади.
Посебно изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па во него додадете го изладениот пудинг. Убаво матете додека не добиете кремаст фил. Потоа убаво изматете ја растителната слатка павлака.
Розен кората ја филувате прво со пудингот, па со слатката павлака, па со сецканите лешници. Последната кора премачкајте ја само со растителна слатка павлака.
Посипете со мелени лешници и рендано чоколадо.
Оставете го колачот во фрижидер неколку часа, по можност преку ноќ, за кората да го впие филот. Пријатно!