Трките во Формула 1 за Големата награда на Италија ќе се одржуваат во Монца најмалку до 2031 година.
Формула 1 објави официјално соопштение во кое известува за продолжување на договорот за трки на „Autodromo Nazionale Monza“.
Италијанскиот град Монца е домаќин на Гран при во Формула 1 од 1950 година.