Милутин Мркоњиќ – Мрка, почесен претседател на СПС и поранешен министер за инфраструктура и транспорт, пред три години на вчерашен ден, 27 ноември, ја загуби животната битка.
Долгогодишната партнерка на Мрка, пејачката Ана Бекута, семејството и пријателите минатата сабота се собраа на Новите гробишта во Алејата на заслужните граѓани да му оддадат почит. Ана дошла на гробиштата во придружба на синот, внуката и внукот и оставила цвеќе на гробот.
Сега Ана на својот Инстаграм профил објави емотивна порака и фотографија од покојниот, сакан Мрка.
-Поминаа три долги години откако Господ Бог те повика да се одмориш од маките на овој свет. Сакаме да замислуваме како си добил убав и добар ноќен сон и си се опоравил од животот и дека сега, таму каде што постоиш, уживаш во сите награди што ги заработи со својата работа и заслуги. А ние, кои останавме, секој ден ги гледаме плодовите на твоите дела на земјата и често се среќаваме со луѓе на кои си им помогнал, кои си ги воспитувал, чии вечери си ги разубавувал, а денот случајно си го поправал. Горди сме на целиот твој живот и работа и вечно благодарни за годините што ги поминавме со вас. Почивај во бесконечноста на твојата топлина и добрина. Твои: Ана, Игор, Бранко и Соња, порача Бекута преку Инстаграм.
View this post on Instagram