Кошаркарскиот сојуз на Литванија ја одби опцијата да го натурализира играчот на Лос Анџелес Лејкерс, ДиАнџело Расел.
Плејмејкерот истакна дека е заинтересиран да игра за репрезентацијата на Литванија бидејќи неговата девојка Лаура Иваниускас со која има две деца е со литванско потекло.
Расел бил видно заинтересиран да добие литванско државјанство, па во својата објава на социјалните мрежи напиша „ајде да го направиме тоа“.
Желбата нема да му биде исполнета, бидејќи Литванците немаат намера на Расел да му дадат државјанство со кое би имал право да настапува за оваа репрезентација.