Холандскиот десен бек Дензел Дамфрис го продолжи договорот со италијанскиот клуб Интер до летото 2028 година.
Дамфрис, кој се приклучи на клубот во 2021 година, досега одигра 147 натпревари за „нероаѕурите“.
„Интер Милано потврдува дека Дензел Дамфрис го продолжи својот договор. 28-годишниот играч за врска потпиша до 30 јуни 2028 година“, објави клубот.