Женската ракометна репрезентација на Македонија е подготвена за стартот на ЕП. Прв ривал на турнирот ќе ни биде селекцијата на Шведска, која ја добива фаворитската улога од нашиот селектор Кристијан Грчевски и е означена како репрезентација која ќе се бори за медал на овој шампионат.
„Нашата цел е веќе остварена со успешните квалификации, како еден од најмладите состави. Настапот на Европското првенство ќе биде клучна точка за нас, за стекнување драгоцено искуство за во иднина. Дефинитивно се чувствуваме нервозно пред стартот на првенството, но на позитивен начин, иако во исто време играме со Шведска, која е подготвена да се бори за медал на првенството и ќе се обидеме да се претставиме на најдобар можен начин. Малку ќе калкулираме бидејќи целта ни е натпреварот против Турција, каде што ги гледаме нашите најголеми шанси за победа.
Имаме основна група од искусни играчи, а остатокот од тимот се состои од многу млади играчи и ова првенство ќе биде од вистинска вредност за нашите млади играчи. Всушност, ни треба континуитет на играње на големите турнири за да станеме поискусни како тим кој можеме да го користиме за во иднина“, изјави Грчевски како увертира за ЕП 2024.
Првиот меч од групната фаза Македонија ќе го одигра на 28 ноември во 20:30 часот, а противник ни е селекцијата на Шведска, наши останати ривали се Турција и Унгарија.