Занимливости големи панди

Бројот на џиновските панди во дивината достигна 1900, со стабилен раст од 80-тите години

Меѓународниот сојуз за заштита на природата го промени статусот на овој вид од „загрозен“ во „ранлив“, изјави Гуан Жију од одделот задолжен за шуми и степи во Кина.

Бројот на џиновските панди во дивината достигна 1900, со стабилен раст од 80-тите години

Бројот на џиновските панди во дивината достигна околу 1900, при што нивниот број стабилно се зголемува од 80-тите години на минатиот век, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа.

Податоците беа презентирани за време на конференцијата „Глобални партнери на пандата 2024“, што се одржа во Ченгду, провинцијата Сичуан.

Бројот на големи панди во дивината се зголеми од приближно 1100 во 80-тите години на минатиот век на сегашните 1900. Како резултат на ова, Меѓународниот сојуз за заштита на природата го промени статусот на овој вид од „загрозен“ во „ранлив“, изјави Гуан Жију од одделот задолжен за шуми и степи во Кина.

Во Кина досега се изградени 67 резервати за големи панди.

Во 2021 година е создаден Националниот парк за големи панди, кој ги опфаќа делови од провинциите Сичуан, Шенси и Гансу. Таму се спроведува програма за адаптација на пандите кон животот во дивина.

To top