Македонската женска ракометна репрезентација веќе е во Дебрецин, градот домаќин на нашата група на ЕП.
Оваа натпреварување да подсетиме ќе се одржи во три земји Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Нашите ракометарки првиот меч го играат на 28. овој месец, а за противник ја имаат селекцијата на Шведска (20:30 часот).
Во рамките на групата А, Македонија ќе се сретне со Турција два дена подоцна, а додека последен противник е репрезентацијата на Унгарија, меч кој се игра на 2. декември.
Според системот на натпреварување, првите две земји од секоја група одат во главната рунда, останатите ќе ги завршат своите настапи.