Грчката кошаркарска легенда Василис Спанулис е нов тренер на кошаркарскиот клуб Монако.
Евролигашот неодамна се раздели со Саша Обрадовиќ по кризниот период, а клубот набргу промовира негова замена.
Грчката кошаркарска легенда ја заврши играчката кариера во 2021 година, а потоа влезе во тренерските води. Беше тренер на Перистери, па селектор на Грција.
Спанулис стави потпис на договор со Монако до 2026 година, а во истиот има опција за продолжување на уште една.
Дебито на клупата на тимот од кнежевството Спанулис ќе го има в петок против Панатинаикос во Евролигата.